Родители на ученици кои посетуваат настава во едно од основните училишта во градот реагираат поради големиот број кучиња скитници кои можат да се забележат во училишните дворови, меѓу самите ученици. Изразуваат стравување дека со тоа нивните деца се ставени во опасност и бараат решение на проблемот од страна на надлежните.
Проблемот со кучињата скитници во општина Охрид се провлекува години наназад.
Минатиот месец од страна на волонтерите при Здружението за заштита на животни „Анималиа“, за прв пат во Охрид, започна да се реализира Програмата за стерилизација и обележување на бездомните кучиња. Како што тогаш беше кажано од страна на „ Анималиа“ сеуште се чека дозвола од локалната самоурава за официјално отварање на прифатен центар.
OhridNews