Овие три бели лавчиња мајката ги напуштила додека сеуште го пиеле нејзиното млеко, но за среќа, две храбри кучиња ги посвоиле, и покрај острите заби и големите канџи. Лавчињата се наоѓаат во Хaнгжоу резерватот во Кина, каде и биле фотографирани.

Имаат само месец дена, но веднаш откако биле родени, мајката ги отфрлила и не сакала да ги храни. За среќа, зоолошката градина пронашла две кучиња, кои и самите се окучиле неодамна, и сега тие ги хранат додека нивната мајка не се премисли и повторно не ги прифати.