Една кинеска локална сеизмолошка агенција одгледува кучиња кои со лаење и чудно однесување предвидуваат земјотреси. Сеизмолошката агенција Нанчанг, во источната провинција Џиангси ги одгледувала кучињата бидејќи тие чудно се однесувале пред земјотресите, понекогаш и десет дена порано, изјавил неименуван претставник на агенцијата.
Агенцијата одгледувала кучиња на барање на локалните власти, и додала дека кокошките и патките исто така можат да ги предвидат земјотресите. Соседите на агенцијата не биле задоволни поради лаењето на кучињата, посебно во доцните ноќни часови.