На социјалната мрежа Facebook се појавија вознемирувачки фотографии од граѓанин на Струга кој бил нападнат од бездомни кучиња.

За случајот засега нема официјална реакција од надлежните во општинатѕа и здруженијата за заштита на животните, пишува порталот „I like Struga“. Во текстот се посочува дека проблемот со бездомните кучиња во Струга со години се игнорира и веќе станува алармантен.

Струга, како и многу други општини во државата, го нема решено проблемот со бездомните кучиња.

OhridNews