Мејџор, палавото куче на американскиот претседател Џозеф Бајден, ќе се врати во Белата куќа, но, како што пишуваат западните медиуми, откако тоа ќе мине „посебна обука“, односно дресура.

Претседателот во едно скорешно интервју изјави дека Мејџор, којшто инаку беше испратен во Вилмингтон, Делавер, САД, по гризнување човек, е „симпатично куче“. Тој го објасни немилиот настан со тоа дека домашниот миленик бил на непознато место, со две лица кои тој не ги познавал. Тие почнале да се движат и тој „се бранел“.

Според Џо Бајден, 85 насто од вработените го сакаат Мејџор.

Заедно со тригодишното куче, и 12-годишниот Чемп беше испратен во домот на Џо Бајден во Делавер. И двете ќе се вратат во Белата куќа. Претседателот одрече дека Мејџор бил испратен поради несаканата случка. Тој рече дека кучињата се однесени во Вилмингтон затоа што тој и неговата сопруга сакале да бидат отсутни некое време

OhridNews