Многумина сопственици на кучиња, откако животните биле припитомени, се прашуваат „Дали моето милениче ме разбира?“
Според ново истражување во Канада кое опфатило 165 кучиња и нивните сопственици, открива дека животните целосно разбираат меѓу 15 и 215 зборови и изрази. Просечното куче може да разбере 89 зборови, исто колку и просечно 18-месечно бебе. Истражувачите Кетрин Рив и Софи Жак од Катедрата за психологија и невронаука на Универзитетот „Далхауз“ ја поврзаа способноста на животните да учат од нивните односи со луѓето.
„Поради нивната еволутивна историја и блиските односи со луѓето, домашните кучиња научиле да реагираат на човечките вербални и невербални знаци на ниво неспоредливо со другите видови“, велат стручњаците.
И додека некои сопственици на кучиња можеби не се согласуваат, истражувачите признаваат дека некои животни, понекогаш, можеби едноставно научиле правилно да реагираат на наредбите што ги слушаат, не морајќи целосно да го разберат нивното значење.
OhridNews