Бездомни кучиња нападнеле повозрасна жена, синоќа, во населбата Воска во близина на амбулантата.
Како што ни изјави ќерката на нападната, таа имала среќа бидејќи ја испуштила торбата полна со храна на која се нафрлиле кучињата. Жената минала неповредена, но видно уплашена.
Жителите од оваа населба велат дека синоќешниот не е прв таков инцидент oваа зима и апелираат до надлежните да ги зголемат напорите за решавање на проблемот со бездомните кучиња, како единствен начин да се избегнат вакви настани во иднина, што од друга страна треба да овозможи и хуман третман на животните.
Локалната самоуправа најави дека во 2019 година конечно со полн капацитет ќе профункционира стационарот за згрижување на бездомни кучиња, во кој ќе бидат ангажирани соодветно обучени лица и служби.
OhridNews