Кучето Харбор, чии уши заедно се долги 60 сантиметри, влегло во Гинисовата книга на рекорди како куче со најдолги уши на светот. Неговото лево уво е долго 31,13, а десното 34,29 сантиметри. Ова куче припаѓа на една раса ловечки кучиња кои учествуваат во лов на ракуни, а долгите уши им помагаат во трагањето.


Неговата сопственичка Џенифер Верт рекла дека нејзиното осумгодишно куче додека било мало секогаш се плеткало во ушите и паѓало по скалите. Според нејзините зборови, луѓето секогаш ја запирале на улица и го фотографирале Харбор или го галеле за ушите. Поранешен светски рекордер во оваа категорија било кучето Тајгер, кое угинало 2009 година. Тоа имало уши долги по нешто повеќе од 34 сантиметри.