Снифлс е белгиски овчар кој е роден со два носа. Симпатичното куче веќе имало четири сопственици, за на крајот да заврши во засолниште за кучиња. тука чекало на посвојување, и после месец дена, конечно напол нов сопственик. Снифлс е роден со два носа. Ветеринарите велат дека никогаш не виделе нешто слично.

Иако изгледа необично, тоа што има два носа нема никакви последици по неговото здравје. Снифлс се нашол на насловните страни на медиумите, и сите се прашувале како никој не го сака ова преслатко куче. Сандра Лосон, која го води засолништето за кучиња, рекла дека би било штета Снифлс да не најде дом само поради својот изглед.