Кучето „Скуби“ стана прво животно кое се појавило на суд како сведок на убиство. Во истрагата веруваат дека кучето било покрај 59 годишната сопственичка во моментот кога е убиена во нејзиниот стан во Париз.
За време на сослушувањето кучето е доведено во просторот за сведоци како ветеринарот би видел како ќе реагира на осомничениот. Забележано е дека кучето „луто лаело“. Францускиот судија му се заблагодарил на кучето за примерното однесување и вредната помош во откривање на убиецот.
Името го добил по ликот од цртаниот филм кој ги решава злосторствата.