Немилиот инцидент што завчера вечер се случи на булеварот „Туристичка“, го предизвика домашен миленик, а не куче скитник, тврди семејството на девојчето кое бегајќи од куче што ја нападнало било удрено од автомобил.

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо”. Нејзините родители видно вознемирени од немилиот настан, но и од информациите пласирани во јавноста дека наводно инцидентот го предизвикало куче скитник, велат дека кучето има сопственик и дека тоа тоа било познато и порано по слични напади.

На местото на инцидентот направен е увид од страна на полицијата и истражен судија, а родителите  очекуваат институциите да го расчистат случајот и најавуваат дека ќе покренат правна постапка против сопственикот на кучето.

OhridNews