Група крадци ограбиле една куќа во околината на Орландо, Флорида, и однеле дијаманти, бисери, неколку компјутери, накит и електронски апарати вредни илјадници долари, но сопственикот сака да му го вратат единствено неговото куче.
Сопственикот на куќата, Мигел Таверас, за локалните медиуми изјавил дека единствено што му е важно е нивното куче Бронкс и бара да му го вратат. Таверас секаде по околината ставил слика на неговиот миленик, млад булдог и ветил голема награда за информации поврзани со кучето.