Кучето кое учествуваше во спасувањето на жртвите од рушевините на Светскиот трговски центар во Њу Јорк на 11 септември 2001 година ќе биде клонирано.

Био Артс Интернешонал го избра Трак, германскиот овчар кој живее со својот сопственик Џемс Симингтон во Лос Анџелес, за куче кое најмногу заслужува да биде клонирано, на натпреварот на кој на сопствениците им се нудело бесплатно клонирање на нивните љубимци.


Џемс рекол дека тој и Трак биле меѓу првите спасители кои стигнале на местото на нападот. Тие го пронашле последниот преживеан затрупан по 9 метри рушевини.

Кучето сега има 15 години и му откажуваат задните нозе поради дегеративна нервна болест. Према Био Артс, болеста би можела да биде предизвикана од отровните гасови од рушевините.

Клонирањето ќе го изведе јужнокореанската лабараторија Суам Биотех Ресрч Фундејшн, а клонот се очекува до крајот на оваа година.