Шелби, миленичето на Мајк и Деби Ваној, на своите сопственици им донела глава од алигатор. Тоа не би било чудно ако парот не живеел во Канзас Сити.
“Не можев да поверувам. Мислев дека главата е пластична“, изјавил Мајк. Неговата сопруга Деби, вели дека Шелби најчесто дома носи помали животни, но вакво нешто никогаш претходно не се случило.
Локалните власти изјавиле дека нема подетално да истражуваат околу овој случај, и дека ќе се занимаваат исклучиво со животните кои претставуваат опасност. „Сигурен сум дека ова е единствен случај, но и понатака не ми е јасно како се случило ова“-вели Мајк.