Симпатичното кученце Бела со очила на носето ужива во попладневно сонце во едно од кафулињата во градот. Со тоа им се придружи на бројните гости кои убаво си поминаа за време на празниците.
кул кученце-Бела
Сопствениците на кафе-баровите, рестораните, хотелите и дискотеките задоволно ги тријат рацете од успешниот период. Имаше многу гости од Србија, Бугарија, Грција кои објективно со повисок стандард не прашуваа за цените за прослава на Нова година и Божик. Од друга страна класичните продавачи и дуќанџии велат дека одлуката 2-ри Јануари и втор ден Божик веќе да не бидат празнични денови, придонело да нема домашни гости кои им беа главните муштерии.
„Навистина, имаше доста странци, но повеќето беа со испланирани аранжмани, така што не видовме многу фајде од нив“ се жалат некои продавачи. „Прометот за разлика од лани е значајно намален“.
Згора на сеж, следниве месеци, некаде до мај е оној злокобен тнр. „мртов период“, со слаб проток на луѓе и добра, што ќе биде дополнително оптоварување за слабата економија. Како ќе се издржи до на лето?! Можеби ако се „искулира“. Како Бела на пример.
Спаско Костоски