Домашно милениче, кучето Де Бао од Кина, толку многу се „навлекло“ на возење со скејтборд што секој ден вежба со синот на сопственикот на главниот плоштад во Гангзу. Де Бао во почетокот го следел детето секаде, а бидејќи тоа се возело на скејтборд, ниту Бао не сакал да пешачи.
Хуанг на кучето му направил посебен скејтборд на кој веќе се има извежбано до совршенство. Де Бао знае да се турка на предните и задните нозе, а знае и да застане и да го промени правецот. Кога ќе забрза до саканата брзина, ги става четирите нозе на даската и ужива во возењето.