Eдно куче се заглавило во зајачка дупка и излегло дури после 25 дена. Добро ухранетото куче трчало по зајакот и го снемало во дупката. Гладувало 25 дена, ослабело и се извлекло од дупката. Ветеринарите се плашеле дека нема да преживее.


Загрижените сопственици Џил и Рик Томас дури и направиле рекламна кампања молејќи ги луѓето да им јават доколку кучето излезе од другата страна. Како одминувале деновите било се послабо и послабо. Конечно 25 дена подоцна и со неколку килограми помалку се извлекло од дупката. Отрчало до една блиска фарма, а децата кои таму играле го препознале од постерите и им јавиле на пресреќните сопственици.