Едно куче во покраината Риверсајд во Калифорнија заглавило во простор широк само 15 сантиметри помеѓу две згради. Го спасиле вработените во здружението за заштита на животните. Кучето било откриено од соседите, на кои пред неколку дена почнало да им смета неговото лаење, не знаејќи од каде доаѓа. Го повикале здружението за заштита на животните и откриле дека кучето заглавило меѓу ѕидовите на двете згради.
Го пренесле во ветеринарна станица каде востановиле дека кучето дехидрирало и било многу слабо, но и многу среќно бидејќи го спасиле. Процениле дека кучето е старо околу четири години. Заглавило најверојатно бркајќи зајак или мачка. Вработените во здружението 40 минути ги кршеле ѕидовите на зградите за да можат да го извлечат несреќното животно. Сеуште не е познато кој бил сопственик на кучето.