Гермаснкиот овчар по име Ребел, од Дезерт Хот Спрингс во Калифорнија, некако успеал да ја протне главата низ ѕид со дебелина од скоро половина метар и се заглавил. Несреќното куче, старо осум месеци, упорно лаело се додека некој пријател на сопственикот не го слушнал и не ја повикал службата за помош на животните.


Спасителите набрзо стигнале на местото на необичната несреќа и бидејќи провериле за каков ѕид станува збор, заклучиле дека не мора да го срушат, туку дека е доволно да го прошират отворот од двете страни. После половина час интензивна работа тоа им успеало и го ослободиле преплашеното куче. Тоа останало неповредено и целосно закрепнало од непријатното искуство.