Џуџестиот пинч Чоу Чоу станал локална звезда поради своите интересни одела и прошетките низ градот на две нозе. Сопственикот Џианг Сигуан секој ден го шета по кинескиот град Чонгкуинг, а соседите секогаш го пратат со љубопитен поглед. Сопственикот го открил талентот на кучето сосема случајно, а потоа добро го истренирал да оди само на двете задни нозе.
Вели дека само ја крева раката, а кучето се крева на две нозе и шета со него. Еден од соседите за локалните медиуми изјавил дека сите го знаат и го сакаат кучето, а повеќето од нив појма немаат кој е сопственикот.