Германската овчарка Џејд пронашла во грмушки во Бирмингем бебе старо само неколку дена, пренеле медиумите. Роџер вилдеј ја шетал Џејд по паркот минатата седмица, а таа во еден момент се отргнала и запрела во грмушките. Вилдеј ја довикувал, но Џејд не сакала да се врати. кога нејзиниот сопственик се приближил забележал кеса, за која на прв поглед мислел дека е полна со ѓубре. Меѓутоа, потоа забележал дека кесата се движи. Вилдеј рекол дека видел како нешто се мрда. Помислил дека внатре има мачиња, но потоа видел малечка рака и глава, а потоа бебето заплакало.
Тој истрчал до најблиската куќа и повикал брза помош, а потоа се вратил по бебето. Итната слуба набрзо пристигнала и го одвела бебето во болница каде утврдиле дека станува збор за здраво девојче старо неколку дена. Медицинските сестри и дале име Џејд, по нејзиниот спасител. Полицијата моментално е во потрага по мајката. Полицискиот инспектор рекол дека бебето имало среќа, бидејќи ако минело само уште неколку часа надвор, последиците можеле да бидат фатални. Роџер Вилдеј и неговата сопруга се надеваат дека наскоро ќе го видат бебето. Кетрин Вилдеј рекла дека Џејд најверојатно го слушнала плачот на бебето бидејќи овие куќиња имаат одличен слух.