Кучето Рајли, со славеничкото капче на главата, се насмеало за фотоапаратот пред да почне да ја јаде својата роденденска торта. Неговата сопственичка Маурин Равело од Сан Хозе, Калифорнија, вели дека понекогаш заборава дека Рајли е само куче.
Многу често знае да се насмее и да прави фаци со кои изгледа како луѓето. Се чини дека и самото куче е збунето околу својот идентитет. Како да е уверено дека е човек. Седи на масата за време на вечерата и спие во креветот со сопственичката.