Едно куче кое со својата сопственичка живее во Балтимор, во американската држава Мериленд, успешно ја совладал техниката на сликање на платно и станало многу популарно. Своите дела ги слика држејќи ја четкичката со забите, а тоа го прави многу вешто. Некои од сликите се продадени по цена поголема од 1000 евра.
Сопственичката се одлучила да го научи да слика откако гледала еден документарен филм за животни кои сликаат. Меѓу нив имало делфини и слонови, а таа се запрашала зошто тоа не би го правело и куче. Многу брзо кучето станало локална звезда, а за него се чуло и надвор од Балтимор.