Куче скитник станало херој на денот во Парагвај. Спречило бегство на затвореници од еден локален затвор. Тројца опасни осуденици се спремале да побегнат, претходно ископувајќи тунел под својата ќелија до улицата. Околу осум часот утрото по локално време се спремале да излезат од тунелот, но кучето ги намирисало и почнало да лае.

Чуварите го забележале кучето и така ги фатиле затворениците. Властите во јужното предградие на Асунсион ги одвлекле побегнатите затвореници пред медиумите, за тие самите да ги раскажат своите намери. Осуденикот Хиларио Вилалба се пожалил дека не успеале да побегнат поради кучето скитник.