Дванаесетгодишно девојче од Струга денеска било нападното од куче скитник. Тоа било примено на Инфективното одделение во Охрид, од каде велат дека девојчето за  среќа се здобило со помали повреди.

– На Инфективното одделение често се случува од регионот на Охрид и Струга да се јават пациенти каснати од куче, за среќа дванаесетгодишното девојче кое денеска се јави на преглед помина со  полесни повреди, така да нема потреба од дополнителен хируршки третман, ниту да прими вакцина против беснило.Меѓутоа проблемот стои треба да се води грижа за кучињата скитници и во Охрид и во Струга, ни изјави д-р Лидија Љаткоска – началник на Инфективното одделение при Општа болница Охрид.

Ohridnews