Кучето Рамзес од Вроцлав само отишло во полициската станица во блиското место Волуњ за да се пријави дека се изгубило, а по неколку часа чекање по него дошле пресреќните сопственици. Полицајците од утринската смена биле изненадени од дресираниот германски овчар кој влегол во чекалната, седнал и стрпливо чекал некој да го превземе неговиот случај.
За несекојдневниот гостин се заинтересирала цела смена, а некој од полицајците се сетил дека претходниот ден видел некои луѓе како нешто бараат, а подоцна една жена пријавила исчезнување на куче. Кога полицајците стапиле во контакт со неа, според описот утврдиле дека се работи за вистинската сопственичка. Нејзиниот сопруг веднаш отишол да го земе.