Лабрадорот Бастер нашол чоколадни јајца и ги изел сите. Сопствениците ги разбудил среде ноќ со болно завивање. Преголема доза на чоколадо може да биде фатална за кучињата. Бастер завршил на интензивна нега поради труење.
Сопственичката изјави дека Бастер џвака се, од мобилни телефони, далечински управувачи, видеокасети, чипс, па дури и тоалетна хартија. Вели дека не можел стои, паѓал со задните нозе, а стомакот му бил потечен. Веднаш повикала ветеринар и го однела на лечење. Бастер заздравил, а ветеринарите издале предвелигденско предупредување на сите сопственици на кучиња. Првите симптоми на труење со чоколадо како повраќање, отечен стомак, немир, забрзано биење на срцето и забрзано дишење, кај кучињата се појавуваат за 6-12 часа. Во некои случаи доаѓа до кома или смрт.