Кучето Пип од Велика Британија проголтало стапче долго 30 сантиметри. Ветеринарот и неговиот персонал се шокирале кога ја виделе рендгенската снимка. Стапчето се протегало од грлото до стомакот на петмесечното куче. Неверојатно, но Пип и понатаму јадел, само што бил помирен и потивок од обично.


Стапчето (играчка) го украл од тригодишните близначки, сестри на сопственичката Ешли Фишер. Еден член на персоналот од ветеринарната амбуланта изјавил дека за среќа кучето останало неповредено.