Кученцето Бети ги шокирало ветеринарите успеавајќи да проголта играчка долга 26,5 сантиметри. Го оперирале цел час, а велат дека го спасило единствено тоа што било младо. Имено стрелата завршила во неговото тенко црево, па можела да ги пробие органите и да го убие.
Но бидејќи имало само осум месеци органите не му се потполно развиени па ветеринарите успеале да ја извадат играчката. Неговата сопственичка рекла дека сепак кученцето не ја научило лекцијата. Имено кога се вратиле дома по операцијата тоа веднаш се обидело да го изеде далечинскиот управувач.