Британците колин Смит и Лорејн Фентон платиле околу 200 долари на ветеринарите за да ја извадат гумената патка од стомакот на нивното куче. Забележале дека териерот Спајк, кој вообичаено бил пол со енергија, станал многу мирен. Откриле за што станува збор дури откако го снимиле на рентген.


Се шокирале кога во неговиот стомак забележале гумена патка. По операцијата три дена бил на инфузија и лекови против болки. Неколку дена по операцијата кучето живнало и продолжило со својот секојдневен живот.