Џорџ Кауфман води продавница за накит во Мериленд, во кoја неговото куче Соли е секојдневен гостин. Кауфман и неговиот партнер Роберт Росин биле на состанок со еден трговец со дијаманти и проучувале еден дијамант вреден околу 15 илјади долари. Дијамантот случајно паднал на подот, а кучето го проголталo пред да успеат да дојдат до него.
Го одвеле кучето на ветеринар, каде им рекле дека мораат да чекаат кучето да го исфрли дијамантот по природен пат. Кауфман изјавил дека додека шетале морал да собира се што ќе исфрлело кучето. Дијамантот излегол по три дена, го зел го исчистил и го вратил на продавачот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com