Куче трагач од една американска воена база во Авганистан проголтало експлозивна направа, но поминало без последици по интервенцијата на ветеринарот. Кучето наишло на една бомба поставена од Талибанците и ја проголтало. Кога забележале што сторило кучето, војниците задолжени за грижа за кучињата со хеликоптер го пренесле до друга база, каде бил сместен воениот ветеринар.


По постапката за отстранување на експлозивната направа на кучето му бил даден и кислород со детска маска. 24 часа по интервенцијата кучето започнало постепено да се опоравува. За среќа поминало без никакви последици.