Едно куче, кое испаднало од чамецот во кој било со своите сопственици, преживеало четири месеци на еден пуст остров во Австралија и вратено е дома.


Австралискиот oвчар Софи Такер кој го добил своето име по познатата американска пејачка, паднал од чамецот во ноември, на едно пловење кога имало големи бранови, недалеку од островот Скофелд, во австралиската држав Квисленд. Сопствениците биле очајни по губењето на кучето. Сепак кога паднало кучето ,упорно пливало и стигнало до островот Сент Бис каде изигрувало Робинзон Крусо четири месеци.

Било здогледано од шумарите во друштво на диви кози и била дадена информација на населението преку медиумите. Без голема надеж дека е нивното куче, сопствениците повторно го здогледале. Тоа преживеало на островот хранејќи се со младите диви кози.