Сообраќајна несреќа вчера се случи на магистралниот пат Охрид – Скопје кај Св. Еразмо. Во судирот на Цитроен Ц4 со скопски регистарски таблички и мерцедес со охридски регистарски таблички за среќа нема загинати и потешко повредени.

Oчевидец на настанот кој со својот автомобил возел пред возилата кои
учетвувале во несреќата, во e-mail испратен до нашата редакција, објаснува дека главен виновник
за сообраќајката било куче-шарпланинец кое се одненадеж се појавило на
патот со синџир долг 5-6 метри, по што дошло до нагло кочење од неколку
автомобили кои се движеле во колона со брзина не поголема од 60 – 70
километри на час. Бил избегнат верижен судир, но не и судирот помеѓу
мерцедесот и цитроенот, во кој според очевидецот поголема штета
претрпел мерцедесот.


Ohridnews