Три едномесечни бели тигарчиња во кинескиот парк за диви животни пронашле необична сурогат мајка. Тие по породувањето биле отфрлени од својата биолошка мајка, па на нејзино место настапила една кучка, чие млеко тигарчињата почнале да го цицаат.


Освен кучешкото млеко, чуварите на паркот тигарчињата ги хранат и со мешавина од мелено месо и млеко во прав. Од паркот испратиле повик до јавноста да изберат имиња за најновите жители. Белите тигри се потомци на бенгалските тигри, но со себе носат мутиран ген, кој ја одредува нивната егзотична боја.