Џуџестото Виетнамско прасе по име Полинхен, кое било отфрлено од мајката веднаш по раѓањето, нашло утеха во кучката Катјинга која го посвоила. Полинхен е родено на 21 август, а бидејќи виетнамските прасиња по правило се ситни, неговата биолошка мајка не го ни забележала.
Сопственикот на кучката Роланд Адам раскажал дека прасето го забележал во една шума па му пришол заедно со кучето. Го зел прасето кое најверојатно ќе завршело како плен на лисиците. Кучката многу му се израдувала и почнала да се грижи за него.