Кучето Шави стана приказна на денот бидејќи пропешачи полни 300 километри за да ја пронајде Нина Барановска, девојката која го спаси. Имено, Шави беше пронајден во ѓубре недалеку од градот Ростов со скршени шепи, каде судејќи според се бил оставен од некој бездушен возач кој претходно го удрил со автомобил. Шави бил во толку лоша состојба што цивкал од страв секогаш кога некој ќе му се приближел. На тоа Нина не можела да остане рамнодушна, па одлучи да ја преземе неговата судбина во свои раце. Девојката најпрво се јави кај луѓе кои привремено го вдомија, а потоа се погрижи да ја добие потребната ветеринарна нега како би му се спасиле шепите.

 

Потоа полни шест месеци трпеливо го учела повторно да оди и да им верува на луѓето, а кога целосно закрепнал, му пронашла нов дом, бидејќи кај неа имало премногу гужва, односно три мачки и уште едно куче. Шави отишол во градот Вороњеж, но за жал на луѓето кои биле спремни да му пружат нов дом, во моментот кога го зеле во неговото срце немало место за други. Се зборува дека ископал дупка под оградата и избегал, и сеуште никому не му е јасно колку му било потребно да мине 300 километри и да ја пронајде Нина, која во меѓувреме ја променила адресата. Било како што било, Нина потврди дека повеќе никогаш нема да го даде на други, односно дека ќе го третира како сопствено дете.