Британката Ребека Луис со денови ја барала териерката Коко откако ја снемало за време на една прошетка во близина на локалните рудници. Ја барала по рударските окна и на крајот го контактирала друштвото за изгубени кучиња. Тие се поврзале со спелеолозите кои го пронашле кучето после шест дена. Освен гребнатинките над окото и раната на ногата Коко била во добра здравствена состојба.
Спасувачите не можеле да му влезат во трага поради прегустата вегетација. Сепак неколку дена подоцна три члена на тимот одлучиле да се спуштат во едно од окната. Откао се спуштиле кучето почнало да лае. Им требале 15 минути да го наговорат кучето да влезе во нивната торба. Сопственичката била пресреќна и покрај тоа што кучето не ја препознало веднаш по пронаоѓањето.