Кучката Леси била толку тажна бидејќи нејзиниот сопственик Дејв Рис се отселил од станот, што скокнала од висина од 4,5 метри за да го побара. Дејв се преселил кај својата девојка, а Леси на прошетка одела со неговата мајка Сенди. Кучката често бегала во локалното кафуле, во кое Дејв бил редовен посетител.


Со шепите ги отворала прозорците и бегала од станот. Откако Сенди ги заклучила сите прозорци на приземјето, кучето отишло на првиот кат, го отворило прозорецот и скокнало од 4,5 метри висина. Еден од соседи го забележал кучето кое со крвави шепи одело по улицата. Кучката не била тешко повредена, но ветеринарите и дијагностицирале депресија поради заминувањето на Дејв.