Рабинскиот суд во Ерусалим осудил куче на смрт со каменување, бидејќи веруваат дека тоа е реинкарнација на адвокат кој го навредил судот пред 20 години. Несреќното куче паднало во немилост на судот во ултра ортодоксниот кварт во Ерусалим Меа Шеарим, откако влегло во зградата на судот. Се обиделе да го истераат, но кучето не сакало да си оди, а тогаш еден од судиите се сетил на клетвата на еден адвокат кој го навредил судот пред 20 години.


Бидејќи во традиционалниот Јудаизам кучето се смета за нечисто животно, судиите заклучиле дека душата на адвокатот се преселила токму во тоа животно. Кучето го осудиле на смрт со каменување, а казната требало да ја извршат локалните деца. Организацијата за заштита на животните ‘Let the Animals Live’ го пријавила случајот во полиција, но судот официјално ги отфрлил обвиненијата дека дал наредба за каменување на кучето.