Тибетскиот мастиф е мерило за престиж меѓу богатите кинези кои за овие неодоливи кучиња плаќаат и до половина милион фунти. Во провинцијата Хебеи, јужно од Пекинг, изминатиов викенд се продавале тибеткси мастифи, најверојатно најскапите кучиња на светот. Сопствениците на овие мастифи, кои имаат потекло од кучиња кои номадските племиња од централна Азија и Тибет ги користеле за лов, велат дека станува збор за проверени чувари и лојални пријатели.
Одгледувачите и понатаму патуваат на Хималаите како би купувале кученца, иако многу од нив не можат да се прилагодат на животот во пониските предели и во текот на патувањето угинуваат. Минатиот месец еден сопственик на тибетски мастиф поднел тужба против една ветеринарна клиника откако неговото куче, вредно 90 илјади фунти, угинало при естетска операција која требало да го направи поатрактивно за одгледувачите. Една од причините зошто оваа раса е популарна меѓу богатите е тоа што живеат и до 14 години, со тоа што за разлика од останатите раси имаат помала склоност кон генетски заболувања. И исхраната на овие кучиња е многу специфична бидејќи се базира на варени рибни глави, остаоци, лушпи од јајца во прав, масло од црниот дроб на шаран, и сирови коски на кои ги острат своите заби.