Пресли е 182 сантиметри долга германска дога, кој поради својата плашливост и покрај неверојатната големина доби прекар Скуби Ду. Иако е тешко 82 килограми, ова куче се плаши од речиси се. Неговата сопственичка Сара Берет од Англија вели дека Пресли ужасно се плаши од мали кучиња и дека секогаш бега кога ќе ги види и се крие од нив. Ова огромно куче има и перница која ја носи со себе по домот како не би се плашело.

 

Неговата сопственичка расажува дека Пресли дефинитивно е Скуби Ду од стварниот живот. Толку бил плашлив што еднаш во паркот побегнал од териер кој е десет пати помал од него. Не сакал да се врати додека не заминало другото куче. Неговиот карактер воопшто не бил во склад со неговата големина. Она што дефинитивно ги воодушевува луѓето е неговиот доброчуден карактер. Иако децата се плашат кога ќе го видат поради неговата големина, тој безброј пати покажал колку е нежен, поготово со малите деца кои му приоѓаат да го погалат.