Една американка која работи како дресер на кучиња ја научила својата териерка Вилоу да слуша едноставни пишани наредби. Кучето се прави мртво ако на хартијата пишува Банг. На пишаните наредби знае уште и да седи и да мрда со предните шепи. Дресерката вели дека кучето учи многу брзо.
Ја научила териерката на 250 различни работи. Потоа се обложила со еден пријател дека ќе ја научи да чита. а тој и ветил патување во Мексико. Кучето за само шест седмици започнало да ги препознава зборовите и да реагира на нив. Кучето има свој пасош и редовно патува во Велика Британија.