Кучето Уги, од наградуваниот филм „Уметник“, си отворило многу врати, и тоа не само во Холивуд. Како што пренесуваат американските медиуми, малото куче не само што станало заштитно лице на организацијата за заштита на животните ПЕТА, туку и пред неколку дена било гостин на вечера кај американскиот претседател во хотелот „Вашингтон Хилтон“ во Вашингтон.


Како и Памела Андерсон и Наоми Кемпбел пред него, Уги го позајмил својот лик на организацијата ПЕТА, позирајќи во рамките на кампањата за посвојување на кучиња, а во октомври оваа година во продажба би требало да се појави неговата биографија. Го добил првиот Оскар за кучиња, а бил повикан и на традиционална вечера, чии домаќини биле американскиот претседателски пар Барак и Мишел Обама. Бил сместен меѓу Линдзи Лохан и Ким Кардашиан, а велат дека оставил добар впечаток.