Полицијата во Кливленд, Велика Британија, ќе го сослуша англискиот државјанин, сопственикот на Зевс, ротвајлер, во рамките на истрагата во која сака да утврди како кучето можело да се најде на избирачкиот список за европските избори. Расел Хојл, е обвинет дека на агентот овластен за изработка на избирачкиот список во Нортон, на североистокот на Англија, му дал лажни информации.
Признал дека се пошегувал кога на агентот му рекол дека заедно со него во домаќинството живее неговата сопруга и „дете премало да би можело да гласа“, а станувало збор за Зевс кој има осум години. Полицијата потврдила дека во тек е истрага по изпраќањето на изборните документи на име Зевс Хојл. Расел за ова би можел да добие парична, па дури и затворска казна.