Познато е дека кучињата се интелегентни, дека можат да се движат на две нозе и да извршуваат најразлични наредби. Но за прва пат сега можеме да видиме како едно куче може да вози велосипед.
На една симпатична видео снимка која се појавила на популарниот сајт Јутјуб, а која ќе измами смеење многу лесно, може да се забележи куче кое има необичен талент, односно да вози велосипед. Но уште поинтересно е тоа што позади него, на две нозе, одат уште шест кучиња со наслонети шепи едно на друго.