Териерот Чипи никогаш не научил да биде куче бидејќи целиот живот го поминал во друштво на мачки во добротворното друштво во градот Строуд, Велика Британија. Спиел до најдобрата пријателка , црната мачка Ани. Тој дури и ретко лае.
На почетокот мислеле дека има 19 години, и дека е слеп и глув. Друштвото се надева дека ќе му најдат дом заедно со Ани која се однесува кон него заштитнички. Ветеринарите претпоставуваат дека има меѓу 13 и 15 години.