Кучето Динг Динг станало вистинска локална атракција откако веќе неколку дена по ред лови вечера за својот сопственик. Лин од Кина вели дека неговиот љубимец отсекогаш ја сакал водата и дека секогаш гризел се што пловело по неа и го носел на брегот.
Пред неколку дена во езерото за десет минути уловил три огромни риби кои биле тешки повеќе од три килограми. Неговиот сопственик рекол дека сега секој ден успева да улови по некоја риба. Кучето ги следи меурчињата по водата и знае каде се наоѓаат рибите.