Кучето на едно семејство од Апекс, Северна Каролина не ги јаде домашните задачи на децата, но затоа ги изело парите кои неговата сопственичка ги штедела за да им купи подароци на своите деца за роденден. Кели Дејвис, која се занимава со физикална терапија работела прекувремено повеќе дена за да заштеди 400 долари.
Кога сакала да ги однесе во банка и да ги уплати на својата сметка не можела да ги најде. Знаела дека ги оставила на столчето во спалната соба, а кога се вратила од бањата ги немало. Бидејќи тогаш била сама во куќата, виновникот можел да биде само двегодишното шведско планинско куче Оги.
Кога наредниот ден го извела кучето надвор, Кели во неговата столица видела делови од три банкноти од 100 долари и пет банкноти од дваесет долари. Ги измила со вода и алкохол и ги зачувала, а сега се надева дека наредните денови би можела да пронајде доволно делови за да ги состави банкнотите и ги замени со нови. Меѓутоа еден професор од ветеринарниот факултет изјавил дека тоа е невозможно бидејќи сигурно ги има уништено јаката киселина која се наоѓа во желудникот на кучињата.