Австралиски двегодишен кокер-шпаниел проголтал голема танга на анонимна сопственичка, која му се замотала околу цревата и за малку го усмртила. Ветеринарите рекле дека црна танга му се измотала околу цревата. Сопственичката била засрамена и загрижена за кучето. Рeкла дека кучето не сакало да јаде и дека повраќало. Го однела на ветеринар каде снимката покажала дека има нешто замотано околу цревата на кучето.


Ветеринарите рекле дека ако не го оперираат итно кучето нема да преживее. Кога ја извадиле тангата се шокирале. Сопственичката изјавила дека кучето стално и ги крадело гаќите, по што таа морала да трча по него. Сега се смее за целата случка знаејќи дека се поминало без поголеми последици.